Почитувани,

Согласно развојот на настаните во врска со пандемијата со вирусот  COVID 19,

Здружението на специјалисти по орална хирургија при МСД и Албанското имплантолошко здружение од Македонија, на состанокот одржан на ден 23.3.2020 година,а во консултација со Европската Асоцијација за дентална имплантологија, одлучија  претстојниот  Конгрес по орална хирургија и имплантологија закажан за 28-30 мај во Скопје, да биде одложен на неодредено време.

Бидејќи развојот на настаните не може да се предвиди, неблагодарно е да се даваат фиксни термини за настанот во иднина. Затоа во консултација со Стоматолошката комора на Македонија настанот е одложен, а за настанатите промени во датумот или обликот на настанот ќе бидете навреме известени.

Вонредните услови се нешто на кое сите се прилагодуваме, така што веруваме дека и новите термини од Стоматолошката комора ќе бидат флексибилни.

Активностите во врска со Конгресот ќе запрат на нивото на кое не затекна пандемијата, значи сите предавачи и апстрактите од учесниците ќе чекаат нов датум и ќе останат да важат за новиот презакажан термин.

Останете во добро здравје!

За сите нови информации ќе бидете навреме известени.

Со почит,

Гордана Апостолова
Претседател на “МСД” – Здружение на специјалисти по орална хирургија

Фисник Касапи
Претседател на “СДАМ” – Албанското имплантолошко здружение од Македонија – “АИАМ“

За Конгресот

Длабоко веруваме дека овој, досега најголем собир на оралните хирурзи и имплантолози во Македонија, со најавено учеството на врвни европски имиња на едно место, ќе има голема важност за целиот регион.

Локација на Конгресот

Oд 28 до 30 мај во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје

Главни теми

Најавени теми на Конгресот се: Орална хирургија, патологија и радиологија, Имплантологија и регенеративна хирургија, Протетика над импланти, Периорална естетика и oпшти теми.

Resenie-15

Абстракти и постери

Поднесувањето на апстрактите е со следење на електронската форма на веб страната.

Регистрација

Ги повикуваме учесниците рано да се регистрираат за да ги искористат поволностите за рана регистрација.

Локација на конгресот

Конгресот ќе се одржи од 28 до 30 мај во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје