Проф.д-р Детлеф Хилдебран, Берлин, Германија
Проф.д-р Детлеф Хилдебран, Берлин, Германија

Др. Детлеф Хилдебран е роден во 1962 во Ветер/Рур. Дипломирал на на Алберт-Лудвигс-Универзитет во Фрајбург во 1992 Во 1993 работи како асистент на Поликлиниката за протетика на Стоматолошкиот факултет при Алберт-Лудвигс Универзитетот во Фрајбург. Во 1995 ја брани својата докторска дисертација и до 1997 работи како доцент на Алберт-Лудвигс-Универзитетот  во Фрајбург. Од 1997-2005 е Шеф на Одделот за имплантологија и специјална протетика, оддел за орална и максилофацијална хирургија / пластична хирургија во Кампус-Вирков Клиника/Шарите. Од 1998 година има своја Приватна стоматолошка ординација во Берлин – Зоолошка градина со фокус на естетика, имплантологија, пародонтологија и микростоматологија. Покажува особен интерес кон навигација и роботика

Од 2003 е сертифициран едукатор по орална имплантологија за APW, BDIZ EDI и DGI.

Од  2006 членува во управниот борд на BDIZ EDI, а од 2007 е Генерален секретар во BDIZ EDI

Активно членува во: DGZMK, BDIZ EDI, DGI, DGZPW, DGP, DGAZ, EAO, AO

Д-р Ерион Шерека, Тирана, Албанија
Д-р Ерион Шерека, Тирана, Албанија

МИНАТОТО, СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА НА ДИНАМИЧКАТА ХИРУРГИЈА

 

Од 1997 – 2002 студирал и дипломирал на Стоматолошкиот факултет, Универзитет Хачетепе,

Анкара, Турција

Асистент за истражување од 2002-2004 година, Универзитет Анкара, Анкара, Турција

Оддел за орална и максилофацијална хирургија, Стоматолошки факултет

Од 2004 – 2009 година, докторски студии по ортодонција, Универзитет Мармара, Истанбул, Турција

Оддел за ортодонција, Стоматолошки факултет

Од 2004 – 2009 Специјалист по ортодонција, Универзитет Мармара, Истанбул, Турција

Оддел за ортодонција, Стоматолошки факултет

2009 – 2011 МБА, Организација и управување со здравствени установи

Universita Cattolica “Nostra Signora Del Buon Consiglio” / Тирана Албанија – Universita Cattolica Del Sacro Cuore / Рома, Италија

2011 – 2014 г. Магистерски за национална безбедност и одбрана

Академија за одбрана „Спиро Мојсиу“ Тирана, Албанија

2016 – 2017 година програма за политички студии

Албанско училиште за политички студии, Тирана, Албанија

2017 година -… M. Sc. Магистерски студии за деловно право на ЕУ

Правен факултет, Универзитет во Тирана, Тирана, Албанија

 

Членува во: Комитет за релиценцирање,  Раководител на одборот  за меѓународни односи на Стоматолозите во Албанија,  Главен уредник на периодичниот весник Орден на стоматолозите на Албанија, Претседател на Албанскиот турски деловен совет, Претставник во Турската Стопанска комора и индустрија во Тирана, Заменик претседател во бордот на СОС Детски села во Албанија и Член на владиниот одбор на СОС Детски села во Албанија.

Доц.д-р Кристијан Дину, Клуј-Напока, Романија
Доц.д-р Кристијан Дину, Клуј-Напока, Романија

КОСКЕНА И МЕКОТКИВНА АУГМЕНТАЦИЈА КАЈ НЕДОСТАТОЦИ НА АЛВЕОЛАРНИОТ ГРЕБЕН

 

Доц. Д-р Кристијан Дину, консултант за орална и максилофацијална хирургија на Универзитетот за медицина и фармација „Iuliu Hatieganu“ Клуј-Напока, Романија.

Основач е на Меди Артс Дент – приватна клиника чија активност примарно се темели на орална имплантологија, естетска стоматологија и пародонтологија. Предавал на повеќе национални и меѓународни конгреси за орална и максилофацијална хирургија и орална имплантологија.

Член- истражувач е  во 14 европски и национални научни проекти.

Повеќе од петнаесет години експертиза во областа на оралната имплантологија.

Добитник е на повеќе награди на национални и меѓународни научни настани.

Автор и коавтор на повеќе од 80 трудови во национални и меѓународни списанија. Коавтор на 8 специјалистички книги.

Генерален секретар на Романското друштво за орална и максилофацијална хирургија, член на Европската асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија, Меѓународно здружение за орална и максилофацијална хирургија, Arbeitsgruppe крзно Ostheosynthesefragen AOCMF, International Team for Implantology, итн.

Д-р. Кристијан Бергер, Специјалист по орална хирургија, Кемптен,Германија
Д-р. Кристијан Бергер, Специјалист по орална хирургија, Кемптен,Германија

Претседател на Европската Асоцијација на Дентални Имплантолози (BDIZ EDI)

Претседател на Баварската Стоматолошка Комора

Д-р Кристијан Бергер е роден во Кемптен/Германија во 1957-та година. Пред да дипломира како стоматолог, успешно го завршува своето стажирање како забен техничар. Студира стоматологија на универзитетите во Хајделберг, Антверп и Лондон и дипломира во 1984-та година. Во 1989 се здобива со титулата Орален Хирург на Оделот за Орална и Максилофацијална Хирургија при Универзитетот во Хајделберг. Од 1989 е сопственик на сопствена орданиција во Кемптен/Германија. Посебен интерес насочува кон полето на денталната хирургија, пародонтологијата и естетиката. Кристијан Бергер е назначен за сертифициран експертски сведок по имплантологија, орална хирургија, пародонтологија и протетика од страна на Баварската Стоматолошка комора и работи како инструктор во нивната Академиија за Наука и Пракса во Минхен/Германија. Од 2002 е подпретседателна Баварската Стоматолошка Комора и од 2006 е назначен за раководител на оделот за посдипломска едукација. Своевремено бил и подпретседател на Европската Дентална Асоцијција. Од 2005 е Претседател на Европската Асоцијација за Дентални Имплантолози (BDI EDI). Кристијан Бергер има објавено бројни научни трудови за протетика, имплантологија и реставративна стоматологија во национални и интернационални списанија. Почесен предавач бил на бројни национални и интернационални конференции и тренинг програми меѓу кои и на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA).

Д-р Клеантис Манолакис, доктор на стоматолошки науки, Солун, Грција
Д-р Клеантис Манолакис, доктор на стоматолошки науки, Солун, Грција

ХИРУРШКО ИМПЛАНТИРАЊЕ ВО ВИРТУЕЛНА РЕАЛНА СРЕДИНАЗАПОЗНАВАЊЕ СО НОВ МОДЕЛ НА ОБУКА

Д-р Клеантис Манолакис е роден во Солун, Република Грција.

Дипломирал на Стоматолошкиот факултет Алберт-Лудвигс на Универзитетот во Фрајбург, Германија во 1989 година. Исто така, тој ја одбранил својата докторска теза на истиот Универзитет и се здобил со звањето доктор на стоматолошки науки  во 1991 година.

Тој ја завршил школата за фиксна протетика и дентална имплантологија во Центарот за стоматолошка медицина, Оддел за протетика и Оддел за орална хирургија, на Универзитетот во Цирих, Швајцарија (1993-1995).

Од 1995 година има своја приватна пракса специјализирана за естетика и дентални импланти во Солун, Грција.

Тој е еден од основачите, а од 2012 година и благајник на Грчката академија за естетска стоматологија. Претседател е на Европското здружение за козметска стоматологија во Република Грција и инструктор за меѓународни курсеви и обука.

Проф. Мустафа Рамазаноглу, Истанбул, Турција
Проф. Мустафа Рамазаноглу, Истанбул, Турција

УМЕТНОСТА НА АГОЛНИТЕ ИМПЛАНТИ

 Проф д-р Мустафа Рамазаноглу дипломирал на Стоматолошкиот факултет на универзитетот  во Мармара во 2001 година. Магистрирал во 2008 година на Катедрата за орална и максилофацијална хирургија на  Универзитетот во Истанбул. Остварил студиски престој во болницата „Шарит кампус Вирхоу“, Клиника и поликлиника за орална и  максилофацијална хирургија и пластична хирургија, клиничка навигација и роботика и оддел за орална и максилофацијална хирургија и на Универзитетот во Ерланген во 2004 и 2008 година, напоредно. Тој станува вонреден професор на Одделот за орална и максилофацијална хирургија, Универзитетот во Истанбул во 2013 година. Добитник е на награда за најдобра презентација на плакатите на годишниот состанок на Здружението за орално и максилофацијално хирургија во Анталија (2012), награда за постер презентација на годишниот состанок на Европска асоцијација за осеоинтеграција во Копенхаген (2012) и награда за најдобар постер на Меѓународна конференција за орално и дентално здравје во Лас Вегас (2013). Тој е автор и коавтор на оригинални трудови, ревијални трудови и поглавја на книги за имплантологија и дентални матични клетки. Неговата главна област на истражување е фокусирана на биолошката основа на осеоинтеграцијата, инженеринг на  краниофацијално коскено ткиво, биоматеријалите и матичните клетки. Тој е предавач за напредна имплантологија, особено непосредна рехабилитација на беззаби вилици.

Проф.д-р Иван Тушек, Универзитет Нови Сад, Војводина, Република Србија
Проф.д-р Иван Тушек, Универзитет Нови Сад, Војводина, Република Србија

МАНДИБУЛАРНИ ФРАКТУРИ – ПРЕДИЗВИК ЗА ДЕТСКИОТ СТОМАТОЛОГ

Универзитет Нови Сад, Медицински факултет, Клиника за стоматологија на Војводина, Република Србија

Професор на Медицинскиот факултет во Нови Сад, Клиника за стоматологија со 35 години работно искуство на Клиниката за детска и превентивна стоматологија од кои како специјалист работи 20 години. Докторирал во 2009 година на истиот факултет. Во последните 10 години има објавено 9 научни труда во релевантни списанија.

Како учесник на домашни и меѓународни собири презентирал 70 научни труда. Визитинг професор е на факултетот во Осијек и ментор на повеќе од 30 дипломски и специјалистички трудови и докторати.Рецензент е во 5 домашни и странски списанија и автор на два универзитетски учебника. Членува во Стоматолошката комора на Србија

Др. Елен Беркович, Питсбург, САД
Др. Елен Беркович, Питсбург, САД

ИМПЛАНТНА СТОМАТОЛОГИЈА ОД АСПЕКТ НА ОПШТ СТОМАТОЛОГ

Елен Беркович е родена на 1 мај 1944г. во Питсбург, САД. Додипломски студии има завршено на Универзитетот во Питсбург, а со својата диплома како доктор по дентална медицина се стекнува во 1986г, на Школата за дентална медицина при Универзитетот во Питсбург. Својот стаж го обавува наредната година, на Факултетот за стоматологија при Државниот универзитет на Охајо.

Во тек на својата богата кариера, има членувано во бројни професонални организации. Во поголемиот дел од нив и денес е член, а во одреден период, обавувала и раководни функции во дел од нив. Членувала во : Американско стоматолошко здружение, Здружение на воени хирурзи на САД, Академија на општи стоматолози, Академија на стоматолошки истражувачи, Светска здравствена мисија (функција-секретар во 1989), ПАДИТ, Здружение на офицери-резервисти (претседател во период 1994-1995 и претседател на управен одбор), Воен ред на Светските војни (претседател на управен одбор), Американска легија, итн.

Има богато академско искуство уште од самиот почеток на нејзината кариера. Ги напишала наставните програми за Школите за стоматолошки асистенти за Приватната школа за стоматолошки асистенти, како и за Бордот за образование на Питсбург. Била инструктор по стоматолошко асистирање во Manpower програмата, Центарот за вештини и едукација во Конели, Општинскиот колеџ на Алегени округот (Северен кампус). Била ангажирана како наставник по стоматолошко асистирање од страна на Бордот за образование на Питсбург. Исто така, има и бројни ангажмани како гостин-предавач на Школата за дентална медицина при Државниот универзитет на Охајо, Јапонското геронтолошко зружение, како и на Универзитетот во Приштина, Косово.

Во тек на својата долгогодишна кариера има добиено бројни награди и признанија. Од поновиот период би ги издвоиле прогласувањето за Почесен доктор на науки (Doctor Honoras Causa) на Универзитетот во Призрен во 2015г., како и Почесно признание за здравствен работник во Медицинскиот центар при Универзитетот во Питсбург во 2016г.

Проф.д-р Курд Болен, Холандија
Проф.д-р Курд Болен, Холандија

ДАЛИ ЦИРКОНИУМСКИТЕ ИМПЛАНТИ  ГО ЗАСЛУЖУВААТ СВОЕТО МЕСТО ВО ИМПЛАНТОЛОГИЈАТА?

Др. Болен е роден во 1969-та година во Белгија и во 1992 дипломира како стоматолог на Католичкиот Универзитет Леувен (Белгија). Во 1996 се здобива со титулата Доктор на Науки, на истиот универзитет, на тема: “Дезинфекција на целата уста и мазнење на цврстите површини ја намалуваат акумулацијата на субгингивален бактериски плак”. Една година подоцна станува Магистер по пародонтологија и имплантологија под менторство на Проф. Др. Д. ван Стенберге. Во 2016 станува магистер по естетска и реставративна стоматологија (Пацифички Универзитет, САД).

Претходно, дејствувал како консултант и истражувач на различи универзитети Леувен и Лииж во Белгија, Нијмеген во Холандија, Бон и Дизелдорф во Германија. Во последиот работел како клинички асистент (2010-2012). Неодамна бил вонреден професор на Универзитетот во Манчестер (Велика Британија) (2017-2018).

Моментално е opinion leader за компаниите Z-systems, TRI и NobelBiocare. Курд Болен води мултидисциплинарна стоматолошка клиника во Холандија со професионална ориентација насочена кон пародонтологија, имплантологија и халитоза. Негова главна тема му се керамички дентални импланти. Моментално води клиничка студија за NobelPearl на компанијата NobelBiocare.

Од 2018 е член на одборот и член на научнит комитет на Европското Друштво за Керамичка Имплантологија (ESCI).

Доц. д-р Снежана Пол, Ријека, Хрватска
Доц. д-р Снежана Пол, Ријека, Хрватска

ПРИСТАПОТ „РОБИН ХУД“ КОН ИНЖЕНЕРИНГОТ НА ТВРДИТЕ ТКИВА

 

Снежана Пол е доктор по медицина и доктор по дентална медицина. Специјалист е по орална хирургија и сертифициран специјалист од EDA за пародонтологија и имплантологија.

Моментално таа е косопственик и шеф на Одделот за орална хирургија во приватна клиника (Ридент). Како доцент, таа дополнително одржува предавања на Катедрата по орална медицина и пародонтологија на Факултетот за дентална медицина при Универзитетот во Ријека.

Во 2015 год. таа стана експерт за DentalXP и предавач на светски стоматолошки собири.

Како активен предавач во полињата на имплантологијата и пародонтологијата таа ја нагласува важност од минимално инвазивните техники, особено во сеопфатните тераписки методологии засновани на презервација на ткивата, како што е парцијалната екстракција, искористувањето на автогено ткиво, осеодензификација и други.

Проф. Д-р Анџело Кардарели, Милано, Италија
Проф. Д-р Анџело Кардарели, Милано, Италија

КОРИСТЕЊЕ НА МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНА ТЕХНИКА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА АТРОФИЧНА ВИЛИЦА СО НАМАЛЕН БРОЈ ИМПЛАНТИ

Проф. Д-р Анџело Кардарели е професор на Универзитетот „Сан Рафаеле“ во Милано. Специјалист по орална хирургија од 2010 година на Универзитетот „Сапиенза“ во Рим. Магистрирал во 2007 на Универзитетот во Аквила на Катедрата по стоматолошка протетика. Автор е на многу публикации објавени во странски списанија.

Член е на SIMO (Società Italiana Maxillo Odontostomatologica)  и член на IAO (Италијанска академија за осеоинтеграција).

Проф. Д-р. Стефан Фикл, Вуерзбург, Германија
Проф. Д-р. Стефан Фикл, Вуерзбург, Германија

СОВРЕМЕНИ ПРОТОКОЛИ ЗА ИМПЛАТНИ РЕСТАВРАЦИИ ВО ЕСТЕТСКА ЗОНА

Дипломирал на Универзитетот Ерланген, Германија во 2003 , а во 2004 година докторирал на истиот универзитет.

Постдипломските студии за пародонтологија и имплантологија ги завршил од 2004 до 2007 година на Институтот за пародонтологија и имплантологија (ИПИ) во Минхен, Германија. Од 2007 д0 2009 година работи како Доцент на Катедрата за пародонтологија и имплантологија (претседател: д-р Денис Тарноу) на Универзитетот Њујорк во Њујорк, САД. Од 2009 е вонреден професор на Катедрата за пародонтологија на Универзитетот во Вуерзбург, Германија.

Д-р Фикл е дел од редакцијата на повеќе стоматолошки списанија, меѓународен говорник од областа на пaродонтологијата и имплантологијата и автор на повеќе од 50 публикации и поглавја на книги.